Вечерва по 18. пат Прилеп ќе биде домаќин на најмасовниот и најпопуларниот фестивал на пивото, скарата и убавата музика „Пивофест 2022. Борче Јовечски, Градоначалник на Прилеп, посочи дека градот е максимално подготвен за најголемата забава во Македонија – Пиво фест 2022.
“Очекуваме околу 20 до 3о илијади посетители на оваа, прва, фестивалска вечер ,па затоа апелирам до сите посетители кои ќе го дојдат во Прилеп да го почитуваат јавниот ред и мир за да имаме убави и незаборавни фестивалски денови, а прилепчани ги замолувам за време на фестивалот поретко да ги користат своите возила заради одржување на поголема безбедност и непречено одвивање на сообраќајот, со оглед на тоа што просторот во центарот на градот овие неколку денови ќе биде затворен за сообрајќај. ЈКП се подготвени за одржување на хигиената и чистотата на градот, а паркинг службата е спремна за безбедно, и на означени места , да ги упатува возилата кои доаѓаат од другите градви на Макеоднија. Годинашниот Пиво фест има хуманитарен белег. Имено, Советот на Општина Прилеп донесе одлука 30 денари од цената за паркинг просторт да оди во хуманитарни цели.“ – посочи Јовчески
Водители на четирите фестивалските вечери се шоуменот Игор Џамбазов и Марјана Станојковска.