И за појадок и за вечера: Пица-пита е сластен и евтин оброк кој го сакаат баш сите

ИЗВОРНов Лист
|

Питата со вкус на пица е вистинскиот избор за брз солен оброк, а рецептот е многу едноставен.

Одличен избор е кога не знаете што да подготвите за појадок или пак вечера. Се подготвува со наједноставни состојки кои сите ги сакаат, а подготовката е многу лесна.

Состојки:
– 1 пакетче кори; – коцка сирење; – 4 јајца; – 250 грама шунка; – кечап;
– оригано; – масло за јадење.

Подготовка:
Сирењето и јајцата изматете ги, додадете и малку масло за јадење во смесата.

Првата кора премачкајте ја со смесата од сирење и јајца. На другата кора наредете шунка. На третата кора по вкус ставете кечап и оригано.

Повторете ја постапката уште еднаш, замотајте (вкупно шест кори во една пита). На врвот повторно ставете кечап и оригано.

Печете на 200 степени Целзиусови околу половина час.

Пријатно јадење!