Борбата на познатите личности со крадците на идентитет не престанува. Дрски крадци земаат податоци и фотографии од профилите на социјалните мрежи на ѕвездите, а сега тоа е Данијела Мартиновиќ (51).
Пејачката на својот Инстаграм Стори објави фотографија од профилот кој и ги украл сите податоци, а во описот на профилот го има дури и нејзиниот канал на Јутјуб, Фејсбук, и е-маил адресата која се наоѓа на нејзиниот профил. – Лажен профил – напиша Мартиновиќ со фотографијата.
Актерот и водител Тарик Филиповиќ (50) неодамна беше мета на крадци на идентитет. На својот Инстаграм профил објави слика на која се гледа дека профилот е внимателно осмислен за да ги измами луѓето да мислат дека разговараат со вистинскиот Филиповиќ, а има дури 1.000 следбеници. Истата слика што ја користи Тарик ја користи и лажен профил, а нема преголема разлика во името, па некои фанови би можеле да се збунат и да почнат да разговараат со лажниот Тарик, а според приказните од искуството на некои странски ѕвезди – дури и да им дадат пари.