Македонскиот шоумен и мултиталентиран уметник Игор Џамбазов и врвната планинарка и сестрана спортистка Илина Арсова важат за еден од најубавите и најзаљубени парови на македонската јавна сцена.
Игор неодамна за роденден и купи куфер на Илина па се огласи на социјалните мрежи.
-За роденденот и купив куфер. Куфер. Тоа е она со кое патуваш. Утредента си замина со истиот тој куфер. Па се купува ли куфер, Џамбазов, говедо едно непрокопсано… Сам сум се уб ивал. Еј животе, француски предлогу…, напиша игор под фотографијата од Илина.
Илина моментално е во Америка работно и држи предавања, па Игор како и честопати си најде причина за да напише забавен статус:
„Таа во овој момент држи предавање на Тенеси Јуниверзити. Јас во овој момент држам мачка во рацете и зјапам во телевизорот. Кој за што учел“, е текстот на фотографијата која ја објави Игор.
Џамбазов под фотографијата додаде „Професорке, ќе може ли кратка консултација после часови?“