Ја нарекуваат српската Џенифер Лопез: Поранешната девојка на Ѓоковиќ откри детали од нивната врска

ИЗВОРНов Лист
|

Првата девојка на Новак Ѓоковиќ, Лидија Поповиќ на многумина им е позната по интересната работа, но и по провокативните фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи.

Лидија е една од најдобрите српски диџеи, а многумина ја знаат како Лејди Ли.

Новак и Лидија стапија во емотивна врска на многу млада возраст, а Новак тогаш немал поим дека ќе стане еден од најдобрите тенисери во светот. Врската не траеше долго бидејќи Новак поради обврските беше во Белград, а Лидија во Нови Сад.

Се обиделе да одржат врска на далечина, но набрзо сфатиле дека е тешко, па раскинале. Сепак, тие останале во добри односи и секој тргнал по својот пат.

– Ноле за време на нашата врска беше секогаш внимателен и насмеан, но тогаш немаше обврски како денес. Сега носи тежок товар на грбот како познат човек во светот на спортот.

Лидија е многу горда на работата што ја работи, но и на својата убавина и изглед, па не е чудно што често споделува фотографии на социјалните мрежи, а многумина во Србија ја споредуваат со убавата пејачка Џенифер Лопез.