Македонската пејачка со руски корени Викторија Лоба, викендов се омажи со саканиот Ѓорги Калешов со кого долги години беа во љубов. Прекрасната Лоба и успешниот бизнисмен стапија во брак на романтична церемонија во нашиот балкански бисер, Охрид.
Утринава пејачката ја сподели првата фотографија на која тие позираат покрај црквата Св. Јован Канео, а таа блеска во нежна венчаница која секоја девојка би ја посакала, а истата е изработена од македонската дизајнерката Моника Коцарева.
Претходно Лоба на краткоте приказни на социјалните мрежи сподели и фотографија од две заљубени гулапчиња кои веројатно ја претставуваат нивната љубов.
Инаку, Викторија и Ѓорги беа верени уште од 2019 година, но поради настанатата ситуација со болеста, решија венчавката да ја одложат за некои подобри времиња.