Пејачот Жељко Самарџиќ ретко го истакнува својот приватен живот, а голема поддршка и љубов има од сопругата Маја со која објавува фотографии на социјалните мрежи.
Жељко има три ќерки со Маја, а за врската со сопругата во неколку наврати јавно зборуваше.
Сопругата на 65-годишниот пејач одлучила да живее позатскриено од јавноста. Вистината е дека тој ретко ја покажува, а кога ќе се појави со неа на Инстаграм секој пат ги воодушевува своите следбеници.
Жељко и Маја уживаат во бракот целии 44 години. Како што се повеќе се пишува за разводот и прељубата, нивната љубов секој ден е се посилна. Во една прилика и тој им призна на медиумите дека имало моменти кога не било лесно, но го надминале и тоа.
– Сè околу нас е резултат на нашата љубов, разбирање и почит, почнувајќи од првиот ден, кога како млади бевме вљубени до уши, гласно си кажавме „да“ – изјави Жељко во една прилика.