УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и локално невреме. Воедно предупредува, во случај на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Според УХМР, до среда времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
И во делови од Скопската котлина ќе има услови за појава на невреме.
Според УХМР, денеска околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе се движи од 26 до 34 степени. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и во скопската котлина, а во некои делови ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на невреме.