Денеска во пикот од потрошувачката, односно во попладневните и вечерните часови, на унгарската берза „ХУПЕКС“’ еден мегават час струја се продава за 803 евра што е за дури 43 отсто повеќе од вчера кога цената беше 560 евра.
Информациите укажуваат на тоа дека за само еден ден поскапувањето на струјата на слодобнито пазар се движи од 34 до 43 отсто. Цената ќе продолжи да расте, па така утре мегават час струја ќе чини 748 евра, додека во пикот од денот ќе се продава за 808 евра.
Предвидувањата на сите експерти се дека оваа зима ќе падне и барирата од илјада евра за мегават час, а тоа се должи ограниченото снабдување на западноевропските држави со руски гас како одмазда на официјлана Москва за помош на Унијата кон Украина.
Покрај електричната енерагија цената на уште еден енергенс руши рекорди и втроглаво расте. Гасот во моментов се продава за 3.500 евра за илјада метри кубни но Дмитри Медведев, поранешен претседател на Русија и заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, денеска преку социјалнитре мрежи им порача на европските лидери да се подготват за нов шок бидејќи до крајот на годината овој енергенс ќе чини пет илјади евра.