Голема спасувачка операција беше започната во близина на брегот на Шведска, откако траект со 300 луѓе се запали.
Пожарот е веднаш ставен под контрола и нема информации за пов редени.
Поморските власти соопштија дека на местото на настанот биле испратени три хеликоптери и седум бродови. Траектот сега ќе биде влечен до пристаништето, додаваат тие.
Шведските медиуми јавуваат дека пожарот избувнал на бродот „Стена скандика“ попладне, додека пловел северно од островот Готланд.
Шведската бродска компанија соопшти дека 241 патник и 58 членови на екипажот биле на бродот, кој патувал од Нинашам во Шведска до Вентспилс во Латвија.
Се чини дека пожарот се проширил од камион ладилник на палубата за автомобили, велат властите.
Еуроњуз ја контактираше фериботската компанија Стена Лајн за дополнителна изјава за инцидентот.