Гордана Тодоровиќ од Велико Поље кај Обреновац доживеала огромен шок кога додека го хранела своето бебе, пронашла големо парче стакло!
На тој ден, како и многумина досега, Гордана на деветмесечното бебе му дала за појадок оброк од банана и јаболко. Како што кажа, кашата на Јувита (со која работи фирмата „Свислион“) ја купила во блиската продавница во Велико Поље и речиси до крајот на хранењето не забележала ништо необично.
– Му давав каша на 9 месечно дете. Таа изеде повеќе од половина од теглата и блиску до дното, кога ја зедов со лажица, почувствував парче стакло – ја започна приказната Гордана и истакна дека во тој момент престанала да го храни бебето и ја фатила паника, бидејќи таа не била сигурна дали бебето проголтало помало парче.
– Го најдов стаклото на дното на тегла со големина на мал прст, со таа големина и дебелина. Отпрвин помислив дека дното на теглата се скршило или дека се скршил вратот, но теглата е недопрена – вели мајката.
Таа веднаш реагирала и се консултирала со докторот кој рекол дека детето треба да се следи во следните часови.
– Докторот ни рече да ја следиме состојбата на бебето: дали повраќа, дали има крв во столицата и дали одбива да јаде. Ништо од тоа не се случи, фала богу!- вели мајката. Остатокот од интервјуто можете да го прочитате со клик тука.