Некои луѓе едноставно имаат поголема среќа кога се во прашање материјалните работи, а со малку среќа добиваат и голема заработка. Астролозите тврдат дека овие особини ги одредува хороскопскиот знак во кој сме родени.
Јарец
Јарците знаат да бидат сурови и ладни, што се добри квалитети во деловната сфера. Целта им се парите и знаат безмилосно да тргнат по нив. Тој е систематски и пред да се впушти во претприемничките води, ќе направи детален план.
Девица
Прецизна и детална и лесно ги пренесува своите способности кога се во прашање финансиите. Игра на сигурно, не влегува во ризичен бизнис. Особено го ценат трудот и енергијата што ја потрошиле за да стигнат до целта, па имаат ист однос кон парите, без разлика дали се неколку денари или милиони.
Шкорпија
Шкорпиите имаат добро развиена интуиција, па кога е работата во прашање, тие си веруваат само себеси. Ним не им е непознат да се занимаваат со приватен бизнис и за нив важи правилото дека целта ги оправдува средствата. Тие се вредни, сакаат пари и не е тешко да ги заработат.