|
Како што и најавија од УХМР попладнево нешто после 16:30 часот силно невреме со град го погоди главниот град на Македонија, Скопје.
Во делови од градот, како во населбата Аеродром, невремето започна со грмотевици кои оштетија неколку дрва, а град паѓаше со силен интензитет и веројатно на повеќе места предизвика штети.
Од хидрометеоролошкиот завод како и властоте на Град Скопје накнадно ќе излезат со информација за штетите бидејќи невремето, иако со намален интензитет, сѐ уште трае.
УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.