Костовски: Самохраните родители и корисниците на социјална помош нема да плаќаат партиципација

|

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски на својот фејсбук профил објави дека од 1 септември родителите кои се корисници на социјална помош и самохраните родители се ослободени од партиципација за користење на услугите на градинката.

– Денес на мој предлог, а од страна на советот на Општина Бутел беше изгласана одлука со која се ослободуваат од плаќање родителите корисници на социјална помош и самохраните родители. Соочувајќи се со енормните поскапувања, зголемите сметки и зголемените трошоци за живот Општина Бутел носи нова мерка со која директно финансиски се помагаат на најзагрозените фамилии. Ова е уште една мерка од низата социјални мерки со која се помага на родителите, напиша Костовски.

Со низа проекти, посочува Костовски, ќе се обидеме да ги ублажиме ефектите од огромната финансиска криза во која се наоѓа Република Македонија.