ОВЕН
Неповолен ден за комуникација и кратки патувања. Во двете области можно е пролонгирање на плановите. Полето љубов одлично е прикажано и кажува за вашата посветеност кон партнерот. Проблеми со циркулација.
БИК
Максимално сте мотивирани и насочени на обврските. Очекувате дека вашиот труд ќе донесе видливи резултати. Партнерот е нервозен и има впечаток дека сакате да го контролирате. Одлично здравје.
БЛИЗНАЦИ
Во контакт сте со странци. Добивате информации кои ви се многу важни за понатамошен развој на проектот. Во целост сте задоволни од односот со партнерот. Врската е полна со страст и стабилна. Наклонети сте кон промена на расположение.
РАК
Надредените не ги одобруваат вашите идеи. Имате впечаток дека ве ограничува поради страв од неуспех. Љубоморни сте и несигурни. Партнерот не е свесен за овие емоции. Добро здравје.
ЛАВ
Ве загрижува тоа што вашите напори не даваат резултати. Се прашувате што не е во ред и вложувате уште повеќе енергија во работата. Трпеливи сте кон партнерот. Тој е нервозен и има тенденција за „вадење од такт“. Солидно здравје.
ДЕВИЦА
Ја прекинувате соработката. Доста ви е од соработници кои ви наоѓаат маани. Однесувањето кон партнерот е ладно. Проблем со зголемен притисок.
ВАГА
Добивате информација дека парите кои ги чекате ќе доцнат. Не сте во ситуација ништо да промените, па мирно ја прифаќате информацијата. Партнерот се обидува да го разбере вашето однесување. Не му е јасна вашата нервоза. Солидно здравје.
ШКОРПИЈА
Имате поддршка по прашањето работа. Соработниците мислат дека ќе успеете да ги надминете проблемите, иако вие ни самите не сте сигурни. Ако сте слободни, очекувајте ново познанство со личност од странство. Чувствителни коски.
СТРЕЛЕЦ
Имате успешна соработка со странци. Сте се претставиле во најдобро светло, и тие ви веруваат. Уживате во љубовта. Многу ви значи што емоциите на партнерот се цврсти и стабилни. Чувајте се од повреди.
ЈАРЕЦ
Ако нешто не сакате тоа е изненадувачко менување на плановите. Ви треба време за да ги прифатите новите работи. Ја исполнувате желбата на партнерот поголем дел од времето да минете во интимна атмосфера. Солидно здравје.
ВОДОЛИЈА
Имате одлична комуникација со надредените. Сфаќате дека се загрижени за работата, но ги уверувате дека се е под контрола. Партнерот одбива средба со вас. Се сомневате, и размислувате што би можело да биде причина. Циркулацијата не е најдобра.
РИБИ
Максимално сте шармантни и на сите им излегувате во пресрет. Повеќе сте расположени за приказна и договори, отколку на самата реализација на работните планови. Се грижите за партнерот кој делува нерасположено. Стабилно здравје.