УХМР најавува можно ново невреме во Скопје денес

|

Што велат од УХМР за времето денеска. Во Скопје можен е пороен дожд и краткотрајноневреме. На територијата на целата држава во попладневните часови повторно ќе има нестабилно време со пороен дожд.

Сончево со мала до умерена облачност и денес во попладневните часови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степена. УВ=6

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. T= 30 °C, P= 976 hPa, U= 50 %, V= 3 m/s.