Славчо Попоски предупредува на ново невреме – Еве кога да очекуваме стабилизација

|

Денес и утре нашата територија ќе се наоѓа под влијание на ИЗРАЗЕНО ВЛАЖНА И НЕСТАБИЛНА ВОЗДУШНА МАСА.

Во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди, но и услови за локален дожд, додека во попладневните на многу места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд кој повторно може да услови поплавувања, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Токму поради ова на граѓаните им советуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, а НАДЛЕЖНИТЕ и понатаму да бидат ПОДГОТВЕНИ за евентуална ВРЕМЕНСКА НЕПОГОДА.

Постабилна Атмосфера ќе имаме за време на викендот. Температурите овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени. Нешто пониски температури ќе имаме утре и истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.