Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување”.
Пријавениот, како физичко лице – даночен обврзник, во текот на 2021 година преку брз трансфер на пари во повеќе наврати примил парични средства во девизи во вкупен износ во денарска противредност од 1.579.834 денари.
Меѓутоа, реализираните приходи тој не ги пријавил и не поднел задолжителна годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи со што избегнал плаќање на данок на личен доход во вкупен износ од 157.983 денари согласно Законот за персонален данок на доход и одредбите од Законот за даночна постапка, со што го оштетил буџетот на Република Северна Македонија за истиот износ.