Груби: Уставните измени мора да се случат, расте проевропското крило во опозицијата

ИЗВОРТелма
|

Македонија ќе остане во регрес, статус кво, и не може да чекори напред и затоа уставните измени мора да се случат. Најголем добитник од овој процес ќе биде македонскиот народ во РСМ, вели вицепремиерот Артан Груби.

Вели дека веќе имал контакти и комуникација со пратениците и со претседателите на политичките партии за, како што рече, начин на којшто и тие ќе ја дадат својата поддршка за европска Македонија.

– СО ОВА КОНЕЧНО СЕ ПРАВИ ОДВОЈУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД БУГАРСКИОТ НАРОД. И ТОА СО ПРИФАЌАЊЕ НА САМИОТ БУГАРСКИ НАРОД КОЈШТО ИМАШЕ ДРУГИ ПРЕТЕНЗИИ. КАКО ШТО ЗНАЕТЕ, СЕ ДО ВЧЕРА. ОД ОВОЈ ПРОЦЕС НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК АПСОЛУТНО Е ПРВЕНСТВЕНО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО РСМ И СИТЕ ГРАЃАНИ НА ДРЖАВАТА ЗАТОА ШТО СМЕТАМ ДЕКА СЕ ЗАОКРУЖУВА ЦЕЛОКУПНАТА ТАПИЈА НА ДРЖАВНОСТА НА РСМ, ИЗЈАВИ ГРУБИ КОЈ ДЕНЕСКА БЕШЕ ВО АРАЧИНОВО.

Според него, се потврдува од страна на Бугарите дека има апсолутно одвојување, дека постои македонскиот народ и македонскиот јазик и дека тоа е реалност и тие го прифаќаат тоа со овие уставни измени.