Времето денес сончево со променлива облачност – еве кога не очекува пороен дожд и грмежи

ИЗВОРНов Лист
|

Денес претпладне ќе има зголемена облачност, а во текот на денот ќе биде сончево со променлива умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието каде на места ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. УВ=6

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: преку денот сончево со умерена променлива облачност и со умерен претежно северозападен ветер. T= 26 °C, P= 980 hPa, U= 48 %, V= 4 m/s.

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 18 Ѓуриште, Прилеп, Крушево, 12 Тополчани, Гевгелија, 8 Маврово, 7 Пожаране, 6 Штип, 4 Битола, Берово, 3 Попова Шапка, 1 Претор, Скопје – Зајчев Рид.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. УВ=6

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, од крајот на денот со услови за нестабилност со пороен дожд и услови за грмежи.