Живеат на раб на гладување во трошна куќа – малиот Данијел има желба само да има патики наместо опинци

ИЗВОРНов Лист
|

Мизерија и беда се вовлекоа во секое ќоше од старата куќа, која се наоѓа длабоко во шумата во Кожје Дол кај Трговиште. Без елементарни услови во него живее петчленото семејство Славковиќ. Се хранат со шумски плодови и со она што самите го садат.

Трговиште е една од најсиромашните општини во Србија, каде секој петти жител добива некаква социјална помош. За некои тоа е оброк од народна кујна, а за оние што живеат во планинските села пакети со храна. Еден од драстичните примери на сиромаштија е семејството Славковиќ.

 

Немам што да јадам“, вели Данијел Славковиќ. Тој сака да има патики и чевли наместо опинци.

Мајката Стојанка Славковиќ вели дека немаат бања, дури ни вода. Немаат пари ни за храна.

Имаат три сина. Родителите не го знаат датумот на раѓање, ниту колку години имаат нивните деца. Двајца од нив одат на училиште, а најстариот има пречки во развојот.

Таткото  работи како дневен работник кога има работа. За напорен работен ден добива и до две илјади динари.

Сечам дрва, кој ќе ми се јави, тешка работа, а јас сум болен“, вели Јова Славковиќ.

Живеат со осум илјади социјална помош и повремено се оброци во народната кујна кога можат да се симнат до Трговиште, кое е на десет километри од нивната куќа.

„Општина Трговиште дава еднократна помош за социјално загрозените семејства. Понекогаш таа може да биде и во натура, во вид на огревно дрво, пакети со основни прехранбени производи“, објаснува Стефан Трајковиќ, член на општинскиот совет за социјални прашања во Трговиште.

Во општина Трговиште траен паричен надоместок добиваат 101 социјално загрозено лице, а во Народната кујна се хранат 150 лица.

Со Центарот за социјална работа секојдневно контактираат жителите на кои им е потребна помош. Најчесто бараат пари за да купат лекови или автобуска карта за да одат на лекар.