Светите маченици Агатоник, Зотик и другите со нив
Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера христијанин. На заповед од царот Максимијан, царскиот намесник жестоко ги гонеше христијаните. При тоа гонење, во некое место Карпин, тој го фати свети Зотик и го доведе во Никомидија, каде што ги фати и ги врза уште и Агатоник, Принкипс, Теопрепиј, Акиндин, Северијан, Зенон и многу други.
Сите цврсто врзани ги поведе во Византија, но патем од рани и изнемоштеност испоум*еа Светите Зотик, Теопрепиј и Акиндин.
Преподобен Исакиј оптински
Исакиј (Антимонов), архимандрит, (1810-1894) – настојател на оптинската пустина, кој во себе ги имаше споено цврстото управување со обителта и истенченото искуство на пастирско раководење со смиреното послушание и со големо подвижништво. Во храната, облеката и живеалиштето сосема им се уподоби на простотата на древните подвижници, а вратата на неговата ќелија беше постојано отворена за браќата и за сиромашните. Се верува дека доколку на овој ден се помолите на Бога ќе ве следи здравје.