Не е променета здравствената сосотојба на 39 годишната родилка од Скопје, која во неделата вечерта скокна од прозорец од први кат на Клиниката за Гинекологија и акушерство.
Таа се уште се бори за живот на КАРИЛ и е во тешка здравствена состојба и покрај извршената операција, по падот од зградата.
За случајот вчера од Гинекологија кажаа дека жената два пати по породувањето била малку вознемирена, дека првиот пат разговарала со психолог, а вториот пат и дале терапија.
Од Гинекологија велат дека се разгледува опција психијатар да ги посетува еднаш неделно родилките на Гинекологија.
Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот и до ОЈО- Скопје е доставено известување за превземени мерки и активности, велат од МВР.
Родилката беше породена со царски рез, а на свет го донесе своето првородено дете.