Овен (21.03 – 20.04)
Обрнете внимание на малите детали, посебно на оние во врска со вашиот изглед. Можно е да бидете во ситуација во која е потребно да оставите што е можно подобар впечаток. Ако дадете сe од себе и ако се однесувате природно, можни се и нови, квалитетни познанства.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес инстинктивно ќе знаете како да постапите во одредени моменти, посебно во кризни ситуации. Ќе имате повторно можност да искористите некаква шанса за која претходно сте немале храброст. Искористете го убавиот ден до максимум. Шетајте и посетете ги пријателите.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Се чувствувате запоставено од страна на некој пријател, но не го чекајте тој да реагира, побарајте го вие. Потребна ви е релаксација од сите обврски, опуштете се со добра книга или филм.
Рак (22.06 – 22.07)
Денес ќе се чувствувате како нешто да не е во ред. Ќе имате емоционална криза во вашата врска, која ќе ја предизвикате самите вие. Не бидете премногу горди и извинете му се на партнерот.
Лав (23.07 – 22.08)
Имате голема количина на ентузијазам која ви помага и ве турка напред. Затоа денес потрудете се таа позитивност да ја пренесете и на другите околу вас. Не избрзувајте со одлуките кои ги донесувате, некои од нив може да бидат против ваша корист.
Девица (23.08 – 22.09)
После напорниот работен ден време е за прошетка во парк. Времето што досега сте го губеле за непотребни луѓе помина, затоа посветете се само на најблиските. Можни се болки во грбот и колената.
Вага (23.09 – 22.10)
Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе сфатите дека сте во многу подобра финансиска сотојба отколку што сте мислеле. Оптимизамот и ентузијазмот денес нема да ве напуштат, дури ни кога се работи за партнерските односи. Ќе уживате во едно ново познанство.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Сe ќе ви оди по планот, затоа насмевката нема да ја тргнете од вашето лице. Со вашата позитивна енергија ќе отворите многу врати за вашата иднина. Здравјето е добро, но не се преоптеретувајте со работи кои не се важни и ви создаваат стрес.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Можеби работното место ви прави проблеми и стресни ситуаци, но никако не дозволувајте тие проблеми да ги носите и дома. Проблемите оставете ги на работа, а после работното време опуштете се со попладневно кафе со пријателите.
Јарец (22.12 – 20.01)
Имате потреба да воведете некои промени во вашиот живот, но сe уште не знаете кои ви се приоритетите. Послушајте го вашиот внатрешен глас или совет од некоја личност која добро ве познава, и нема да згрешите. Доколку планирате некое патување, испланирајте ги однапред сите трошоци.
Водолија (21.01 – 19.02)
Имате потреба да излезете од вашата секојдневна рутина и да направите нешто необично и возбудливо. Отидете на некоја локација која сe уше не сте ја откриле и задоволете го вашиот авантуристички дух. Kрајот на денот ќе ви донесе заслужено опуштање.
Риби (20.02 – 20.03)
Денот ќе ви започне со некоја добра вест. Цел ден мислите ќе ви бидат на друго место, вашата отсутност ќе ја забележат и вашите претпоставени. Потрудете се да си ги исполните сите обврски што ви се предвидени.