Педофил следел и фотографирал девојче во автобус во Скопје

|

Пред неполн час овој човек ја сликал ќерка ми (13г.) во автобус бр 24.
Таа ми јави вознемирено за да ми каже. И реков слободно и таа да го слика и да му каже да ги избрише сликите. Тој рекол дека ја слика затоа што била убава.

Се фаќал за гениталии, се масирал… приметиле и другите во автобусот почнале да реагираат. Веднаш,тој се симнал на истата станица со неа. За 3 минути на истата станица стигнав и јас за да ја земам ќерка ми, тој беше сеуште тамо.

Му застанав на пат, му реков да ги избрише сликите, неочекувано му дојде…ми рече дека ги избришал и ништо страшно, сликал и други деца(за божем да ми дојде утешно ).

Сфати дека вртам на полицијата за да го пријавам и избега кон Лептокарија. Ете го ликот , убаво е да го знаете …заради превентива, алармираше на Фејсбук, оваа вознемирена мајка.