Ако од утре температурите бидат под 12 степени парно мора да има, но гасот го нема

ИЗВОРТелма
|

Од утре ако просечната дневна температура е 12 степени, или пониска парното ќе мора да се вклучи. Но, на што ќе работат објетките кои прозиведуваат топлинска енергија, сѐ уште не се знае затоа што потребните количини на гас и мазут не се обезбедени. ЕСМ до среда очекува да добие понуди за набавка на 250.000 тони мазут и за 250 милиони метри кубни гас. Овие количини се неопходни за скопските топлани и за ТЕТО да може да обезбедат топлинска енергија.

Во меѓувреме сѐ уште траат преговрите со Србија за да се види дали ќе биде возможно да се испорачаат одредени количини на гас од таму, а за возврат тие од Македонија да добијат електрична енергија произведена од ТЕТО.

Сѐ уште не е постигнат официјален договор ниту со Адора за топланите Исток и Запад, а ниту со ТЕТО, кои се клучни за 60.000 домаќинства оваа зима да имаат топол дом.

Откако, пред два дена од Владата соопштија дека според Член 6 од Законот за енергетика им се овозможува на компаниите кои вршат енергетска дејност да им наложат да извршуваат јавна услуга, а за тоа да добиваат паричен надомест, и од Тето, но и од Адора, излегоа со став дека тие се подготвени за преговарање.

Од Адора се подготвени да склучат договор за закуп и покрај штетите кои ќе ги претрпат, до моментот на реазлирање на сите потребни услови за купопродажба. Од ТЕТО пак велат ако им се наложи таа обврска ќе ја испочитуваат, но бараат и Владата да им исплати 37 милиони евра, колку што е загубата која ја претрпеле за време на претходната кризна сосотојба, поради тоа што својата струја ја продавале по цена од 170 односно 190 евра за мегават, пониско од берзанската.

Властите веќе и одобрија пари на ЕСМ за да може да купува гас за престојната грејна сезона. Компанијата на располагање има 18 милиони евра.

Ирена Чачкова