АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ОД ДЕНЕС ПОПЛАДНЕ ПА ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ НЕВРЕМЕ ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА

ИЗВОРНов Лист
|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот локално ќе биде нестабилно со услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи во интервалот од 31 до 38 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Кон крајот на денов локално ќе има услови за нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 37 степени.

Потоа за време на викендот и тоа особено во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на мал пад и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени.

Во почетокот од следната недела повторно се очекува стабилизирање на времето и пораст на температурите.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.