Албанија ќе штеди гориво, понеделник ден без возила, ќе се работи и од дома

|

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека во понеделник ќе биде „Ден без возила заради заштеда на гориво, а не од еколошки аспект“.

Тој ја најави и опцијата работа од дома, како во времето на карантинот поради панде*ијата, што „е добра можност за штедење на нафта“.

– Агенцијата за енергетика го потврди она што го кажувавме, а тоа е дека проблемот во оваа ситуација не е колку очигледен. Додека разговараме за цените, риз икот е недостигот. Да не ги прифаќаш фактите и да зборуваш како да си во нормална реалност е многу голем проблем, истакна Рама, индирекно обраќајќи и се на опозицијата и организаторите на протестите што ги одржуваат поради поскапувањата.

Тој додаде дека Владата ќе заседава и ќе донесе одлука околу опцијата за работа од дома и оти засега за неработен го прогласила понеделник (21 март) што значи се спојува со вторник кога Бекташите го одбележуваат Султан Неврус, а во Албанија е неработен ден.