Анализа на момчето-убиец од Врачар: Пореметена личност, без каење и емпатија – ништо не бара во институцијата

|

Сторителот на масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ по 12 дена не покажа ниту еден знак на вина или каење, неофицијално дознава „Новости“. Неговата психичка состојба се уште се проценува во судско-медицинската постапка, а соговорниците, иако се уште не е донесен дефинитивен заклучок во вештачењето, велат дека „работната дијагноза“ е најблиску до патолошко нарушување на личноста, без каење.

Ваквите луѓе, велат, се одликуваат со високата интелигенција што момчето ја покажа на училиште и за жал при планирањето на масакрот, неможноста за љубов, недостатокот на емпатија, што го покажа и со пукање во деца со кои одеше во ист клас и повредувајќи други без каење или срам.

Во специјалната психијатриска установа каде е сместено момчето се однесува како ништо да не му фали, откриваат соговорниците – ништо не бара, а прашува само кога ќе излезе. Тој е мирен, а во првите денови по приемот во болница често прашуваше што се зборува за него „надвор“ и дали е популарен. Психијатри, форензичари разговараат со него според процедурата која предвидува судско-медицинско вештачење. Момчето убиец не добива терапија.

Засега нема индикации кога би можела да заврши судско-медицинската процедура, но бидејќи момчето нема 14 години, не може кривично да одговара. Практично, по него следат само воспитно-поправни мерки доколку се потврди дека е психички здрав, а во спротивно психијатриско лекување.

Од 12-те ранети кои преживеаја, уште тројца се во болница и никој од нив не е во животна опасност. Ова вчера го потврди министерката за здравство проф.Даница Грујичиќ. Најкомплицирана е состојбата на момчето кое се здоби со невролошки повреди.

„Што се однесува до момчето на кое му е повреден рбетниот мозок, пренесено е во Институтот за мајка и дете, да се одвикне од респиратор. Направена му е трахеотомија за да дише, свесен е, комуницира, зборува, ја движи левата рака. Има значителни оштетувања на ‘рбетниот мозок и периферните нерви на десната рака, но рано е да се каже бидејќи поминаа само две недели. Не знаеме какви ќе бидат дефинитивните последици, но мора да има поддршка“, изјави вчера Грујичиќ.

Таа додаде дека животот на момчето во моментов не е во опасност.