Арапски “ѕвер” на четири тркала

|

На саемот за автомобили во Дубаи дебитирал хипер-автомобил од Обединетите Арапски Емирати.

Во земја во која европските супер-автомобили им се омилени на богаташите, направен е првиот локален. 

Екстравагантниот автомобил со ознака “Ајлани Дракума” е инспириран, очекувано, од Ламборџини.

Основачот на компанијата, Башар Ајлани, најавил дека неговиот првенец Дракума ќе биде произведен во ограничена количина од 99 единици.

Дракума е остварување на сонот на Ајлани, а првиот дизајн на автомобилот е направен уште пред пет години.

Арапскиот “ѕвер” на тркала го движи истиот агрегат кој се наоѓа во Бугати Вејрон Супер Спорт, 8,0-литарски W16 со два турбо-полначи кој развива 1.200 коњски сили.

Шасијата е од карбонски влакна, а вратите се отвораат во стил на змејски крила, но сега автомобилот е прикажан само со затворени врати.

Нема ни фотографии од ентериерот, сите стакла на премиерата во Дубаи биле затемнети, што веројатно значи дека произведувачот уште не завршил со внатрешноста возилото.