Астролошки предвидувања: Што не треба да правите во претстојниот период?

|

Владеењето на Ракот започна на 21 јуни и ќе трае сè до 22 јули. Во продолжение прочитајте ги советите на астролозите во поглед на тоа што треба, а што не треба да правите во претстојниот период.

Што треба да правите: Посакајте им добредојде на новите работи! Сезоната на Ракот се поклопува со почетокот на летото, а новото годишно време значи и нови можности. Не занемарувајте ги промените! Оставете го зад себе сето она што ве загрижува, што не ви носи задоволство, среќа и придобивки како старите навики, луѓето кои ви влијаат негативно… Направете простор во вашиот живот за сите нови работи што ќе дојдат!

За време на владеењето на Ракот ќе забележите дека вашата интуиција е изострена, а тоа значи дека сте на добар пат! Верувајте им на вашите инстинкти без разлика дали тие сугерираат дека нешто не е добро или ве предупредуваат на нешто лошо.

Бидејќи Ракот е знак кој е насочен кон семејството и домот, ова ќе биде одличен период да го уредите вашиот простор за живеење. Освен тоа, обидете се да поминувате повеќе време со вашите најблиски.

Што не треба да правите: Постои голема веројатност дека ќе се чувствувате збунето за време на владеењето на Ракот. Соочете се храбро со вашите чувства, особено со негативните. Оставете ги да излезат на површина и не обидувајте се да ги задушите. Сепак, не дозволувајте да ве контролираат и имајте предвид како се однесувате со другите.

Влегувањето на Марс во Бик на 4 јули би можело да ја зголеми вашата потреба да протестирате и тврдоглаво да се држите до вашите принципи. Обидете се да направите компромис и да бидете потолерантни кон различните идеи и мислења.

На 28 јуни Нептун, планетата на соништата и илузиите, ќе биде во ретроградна позиција што значи дека постои голем ризик да се изгубите во вашите желби… Немојте да живеете во илузии и не заборавајте дека животот е она што се случува сега, во моментот, а не она што ние го замислуваме.