Актерката Ана де Армас ја воодушеви публиката во новото продолжение на Бонд „No Time To Die“, а позната е и по врската со познатиот актер Бен Афлек.
Пред околу една година Афлек и Ана раскинаа, а на актерот на почетокот тешко му падна. Медиумите го сликаа како ги фрла нивните заеднички работи во контејнер.
Сепак, неговата тага не траеше долго бидејќи актерот ја освои својата стара љубов Џенифер Лопез. Нивните пријатели тврдат дека парот е среќен, а Бен долго време не изгледал вака задоволно.
Ана досега беше сама, а сега конечно падна и на режисерот! Станува збор за Пол Букадакис, кој е познат по тоа што е директор на апликацијата Тиндер. Папараците ги снимиле како разменуваат бакнежи на улица.