Безглутенско чоколадо – уживаме без грижа на совест

|

Научниците велат дека при конзумирање, чоколадото им помага на луѓето за подобро стимулирање и ослободување на ендорфинот и серотонинот во мозокот, а тоа ги прави посреќни и опуштени. Сепак и покрај сите свои придобивки, луѓето се борат против желбата да го јадат, особено ако се на диета или внимаваат на секоја храна која ја внесуваат.

Повеќе немаме грижа на совеста и уживаме во чоколадото!
Познатиот француски произведувач на чоколадо La Maison du Chocolat ги претстави своите први слатки без млечни производи, глутен и шеќер.

Сепак не смееме да ги заборавиме и придобивките од овој вкусен десерт како тоа дека претставува извор на здрави масти, го намалува ризикот од рак на дебелото црево,штити од срцеви заболувања,намалува проблеми поврзани со ПМС.