Бидете внимателни, кружат фалсификувани банкноти: Една уловена на бензинска во Маврово

ИЗВОРновлист
|

Во Полициско одделение во Маврово, вчера во 18.40 часот Л.А.(43) од Центар Жупа пријавил дека на 11.01.2020, на бензинска пумпа во Маврови Анови, на едно лице му сменил банкнота од евра во денари. При проверка на банкнотата во менувачница тој увидел и било констатирано дека банкнотата е фалсификувана.

Банкнотата била одземена за понатамошна истрага.

Се преземаат сите мерки за случајот во брзо време да биде решен.