БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: ОД ДЕНЕС ПА СЕ ДО КРАЈОТ НА ОВАА СЕДМИЦА СЛЕДУВААТ НАЈТОПЛИТЕ ДЕНОВИ

ИЗВОРНов Лист
|

Од денес, па се до крајот на оваа седмица во Македонија следуваат НАЈТОПЛИТЕ ДЕНОВИ и максимумот на овој ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ бран.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42, 43 степени, а УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10). Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облчаност и со слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот повремено на некои места ќе биде ЗАСИЛЕН по интензитет, особено денес попладне и тоа Долж Повардарието.

Исто така денес попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, што значи има услови за краткотрајна и локална нестабилност.

Да напоменеме дека температурите се значително над просекот за овој дел од годината, односно истите се повисоки од просечните дури за околу 10 степени.

До крајот на оваа седмица поради транспортот на прашина и песок од Сахара кон нашата територија, и атмосферата ќе биде заматена и со намалена видливост, а времето ќе биде мачно и спарно.
Граѓаните се замолуваат да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, особено оние хронично болни лица, како и оние постарите и изнемоштените.
Спред сегашните анализи, топлотниот бран ќе се задржи и во првите денови од следната седмица.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.