БК Скопје-Тим го одржа настанот “Со бокс против насилство” – за намалување на агресијата помеѓу младите

|

На 24.09.2022 во Боксерскиот клуб ,,Скопје-Тим” се одржа хибридниот настан кој е дел од кампањата ,,Со Бокс против нас илство”.

Настанот беше дел од активностите во рамки на проектот ,,Со Бокс против наси лство со кампања за намалување на уличното наси лство”.

Настанот го отвори тренерот на БК Скопје, проф.Д-р Руждија Калач, со говор во однос на тоа на колку луѓе Боксот им помогнал во животот и кариерата, истакнувајќи дека децата што се однесуваат нас илно треба да започнат да го вежбаат овој спорт и да се бор ат помеѓу јажињата, а не на улица.

На настанот свој говор одржа и професорот од ДИФ, Д-р Иван Анастасовски кој ги информираше младите за последиците од девијантните однесувања, тепачките и хулиганизмот помеѓу младите, истакнувајќи дека спортот е вистинското решение за сузбивање на овој проблем.

Јавниот обвинител Д-р Александар Маркоски од скопското обвинителство исто така обрна внимание на последиците од уличните теп ачки, наси лства и слично, дека истите завршуваат ко бно за сторителите на овие кривични дела со затворски казни.

Претседателот на боксерската федерација М-р Примислав Димовски говореше за себеси како боксот му помогнал во животот да го трасира својот пат во позитивна смисла и да успее во својата кариера.

Инаку, статистичките податоци говорат дека ниту еден боксер не е сторител на кривично дело – наси лство. Д-р Лазар Тодоровиќ кој е доктор на детска хи рургија, говореше за позитивните ефекти на спортот, и фактот дека Боксот е спорт кој што иако изгледа навидум нас илен, дека сепал повеќе повр еди настануваат во другите спортови како фудбалот, ракометот, кошарката и слично.

Со ова се потврдува значајноста на боксот како спорт во однос на превенцијата од девијантни однесувања помеѓу младите. Тој ги дисциплинира агресивните, а им дава самодоверба на слабите. Боксот е одлично решение за нашето општество како превенција од сето она што ни се случува низ скопските улици.

Помеѓу другото, на овој настан боксот како спорт беше презентиран преку бо рби помеѓу боксери членови на БК Скопје и БК Чаир. На настанот настапија Димитар Анастасов, Дино Ледениќ, Омар Качапор, Кристијан Спасовски, Амар Салиху и други. Покажаа дека Боксот е одличен спорт за младите.

Општа цел на проектот е развој на методи преку боксот како спорт за успешно справување со врсничкото нас илство, булингот како и силеџиството.

Проектот е подржан од Град Скопје.