Британец растури во Милионер – го знаел одговорот на последното прашање пред да ги види понудените одговори

|

57-годишниот татко на четири деца синоќа стана шестата личност која освоила максимална сума на Милионерот во 22-годишната историја на квизови во Велика Британија.

Доналд Фиар на пат кон милионите во популарниот квиз потроши само џокер пола-пола. „Како да седам покрај Интернет“, коментираше водителот Кларксон за неговиот настап за време на кој, тој експресно одговараше на прашања, со концизни објаснувања на одговорите.

Професорот од средно училиште вели дека го знаел одговорот на последното прашање пред да ги види понудените одговори. „Многу е лесен квизов ако ги знаеш одговорите“, се пошегува тој.

Професорот по историја и политика на тој начин го надмина својот брат Дејвид, професор по географија, кој освои 500.000 фунти на истиот квиз минатата година.

Доналд од Телфорд откри дека по освојувањето на милионскиот износ (шоуто не се прикажува во живо) тој веќе дал отказ, но не планира да живее екстравагантно. Тој вели дека некој го прашал дали ќе купи Астон Мартин, а тој се пошегувал дека не може ни да се влезе во него.

Доналд, кој е оженет со медицинската сестра Дебс (57), вели дека ќе може да си дозволи комбе за кампирање, што веќе неколку години планирал да го купи. „Сега ќе земеме ново – немаше шанси да си го дозволиме претходно“, рече тој.

Фиар вели дека има намера да даде 70% од добивката на своето семејство. Многу од нив имале проблеми со приходот во времето на кризата и тој е среќен што може да им помогне сега.

На следниот линк можете да ја видите оригиналната статија на англиски, со видео и сите прашања, чии точни одговори го направија овој Британец милионер:

https://www.thesun.co.uk/tv/12647333/who-wants-to-be-a-millionaire-winner-cash-skint-family-coronavirus/