Бурната љубовна приказна на мисицата Емилија Розман – кажа „да“ два дена откако го запозна, два месеци подоцна – крај на љубовта

|

Познатата манекенка Емилија Розман(28) во Јули оваа година се вери со Стефан Ангелкоски, со кој се познаваа само два дена.

„Во врска бевме само 24 часа откако Стефан ме побара за жена. Се се случи со молевита брзина.“

Но, љубовта на прв поглед не траеше долго. Мисицата Розман после неколку недели од интимната романтична венчавка или веридба (таа за „Репортер“ вели дека биле само верени а не и венчани), се раздели од својот партнер. Причината за разделбата е се уште непозната, но се надеваме дека наскоро ќе дознаеме што ја прекина оваа голема љубов.

Во меѓувреме и  самата таа се пошегува на своја сметка, па напиша:

„Подарувам венчаница, носена само еднаш, по грешка“ – стои во огласот кој познатиот модел Емилија Розман го сподели на својот Инстаграм профил.