Цеца Ражнатовиќ не се штеди – За снаата подароци кои вредат колку примањата за цел живот на еден просечен Македонец

|

Богдана Родиќ, вереницата на синот на Цеца наскоро ќе стане рамноправен член во семејството Ражнатовиќ и сите со нетрпение ја очекуваат свадбата на векот.

По тој повод Светлана Ражнатовиќ решила да ги изненади снаата и синот и да ги дарува, Па така, првиот подарок е  веселбата за нивниот најважен ден во животот која ја спрема таа, а ќе чини 100 илјади евра.

Вториот подарок за идната снаа е часовник од брилијанти кој одлично се вклопува со вереничкиот прстен кој што го добила од Вељко.

poklon

Третиот, а можеби и најважен подарок за снаата пак е од сентиментална вредност, а тоа е прстен кој што пејачката со години го носела, а го добила од Аркан.

Сигурно дека Цеца овде нема да запре со дарување на својата снаа, а овие три подароци сега засега имаат толкава вредност што кога би се пресметале во пари би изненувале колку примањата за цел живот на еден просечен Србин или Македонец.

Фото: Инстаграм