Четири начини како да согорите повеќе калории при пешачење

|

Луѓето денес претежно седат и прават премалку физичка активност. За да бидете здрави, стручен совет е да пешачите најмалку 30 минути секој ден. Можете исто така да согорите калории, или да се ослободите од вишокот килограми, а ова се четири начини на кои можете да го постигнете ова.

Биди исправен
Исправено држење на телото е вашиот најдобар сојузник. Рамни рамења и подигната глава и погледот кој гледа напред, ќе биде од корист на вашата линија, но и на самодовербата.

Зголемете го бројот на вашите чекори
Не треба да ги продолжувате чекорите, туку да ги зголемувате. Идеално е да направите 40 чекори за 20 секунди. Вежбањето ќе го зголеми тој број. 45 чекори за 20 секунди се сметаат за аеробно одење, додека 50 се за брзо одење.

Свиткајте ги рацете
Кога ќе ги свиткате рацете како тркач, се движите побрзо. Можеби нема да го забележите, но се движите побавно ако рацете се вкочанети.

Подигнете ги нозете од подот
Прошетката мора да биде интензивна ако сакате да потрошите повеќе калории. Подигнете ги потпетиците малку повисоко, како да сакате да му ги покажете стапалата на лицето што стои зад вас, и ќе направите многу за вашето тело.