Човечки постапки што ги збунуваат кучињата

ИЗВОРНов Лист
|

Кучињата се животни кои се најпослушни миленичиња. Постојат некои начини на однесувања на кучињата што се необични за нас, но луѓето исто така можат да ги збунат кучињата.

Ако имате куче, знаете дека овие животни се верни и посветени. Тие нè следат и учествуваат во разни активности со нас, но сепак има некои сегменти од нашите животи кои им се несфатливи.

Ги оставаме сами
Мора да ви се случило вашиот четириножен пријател да не сака да ве пушти да одите на работа или да излезете и да сака да дојде со вас. Тоа е затоа што кучињата се по природа животни кои функционираат во група и секојпат кога ќе заминете, тие мислат дека ги напуштате.

Го менуваме изгледот и мирисот
Кога ќе се вратите дома вашето куче ја наведнува главата како да ве гледа за првпат во неговиот живот, или како нешто да не е во ред со вас. Oва може да се должи на новата облека што сте ја купиле или мирисите што сте ги собрале од ресторанот каде сте јаделе.

Сакаме да се гушкаме
Луѓето ги користат своите раце на сосема поинаков начин од тоа како кучињата ги користат предните нозе и шепи. Ние сакаме да се гушкаме за да покажеме љубов, а кучињата со предните шепи генерално фаќаат нешто за да покажат доминација. Ова значи дека нашиот обид за прегрнување може да се смета како демонстрација на сила, барем на почетокот.

Не сакаме каснувања
Она што сметаме дека е агресија, како касање, е генерално нормално во светот на кучињата. Каснувањето е дел од играта и покажува интимност. Кучињата може да ги збуни кога нивниот сопственик бурно реагира, додека тие само сакаат да ја покажат својата љубов.