Чудесната моќ на иконата во Калишта – Богородица во црно

ИЗВОРНов Лист
|

Калишкиот комплекс манастири во струшко неодамна беше преплавен од Илјадници верници. На големиот христијански празник “Рожденство на Пресвета Богородица” голем број на верници дојдоа да се поклонат пред Чудотворната икона – Богородица во црно.

Богородица во црно, е една од највредните икони во земјава, единствена на Балканот пронајдена во малата пештерска црква. Се верува дека со молитва на ова светилиште, мајката божја исцелува од сите неизлечиви болести но и ги дарува оние кои не можат да имаат деца, сведочи домаќинот Наце Парталов кој веќе осум години живее во манастриот.

Жени кои што немале дечиња молејќи се на пресвета Богородица стануваат мајки а и многу од мајките доаѓајќи со своите веќе поголеми деца доаѓаат и потврдуваат дека да не беше Пресвета Богородица можеби ќе го немав ова детенце што оди сега со мене, раскажува Наце Парталов домаќин на манастирот.

Чудата на иконата се запишани во манастирските книги. Едно од нив е дека во втората светска војна фашистите повеќе пати се обидувале да ја потопат иконата, но таа секогаш од дното на езерото се враќала во манстирот.

Парталов додава дека ја врзале иконата со челични снџири и неколку пати ја фрлале сред езеро, за да пропадне и се уништи. Меѓутоа како тие ја потопуваат иконата се ослободува од челичните синџири и секогаш се враќа пред манастирот. Не оди ни кон Албанија, ни кон Охрид ни кон Струга.

Во Калишкиот манастир од 11 век до денес живеат монаси, a култот кон Мајката Божја се пренесува со векови.

Јас си верувам во Бога. Секому помага Богородица и мене ми помогнала на сите цел свет помага таа ни мајка на сите, додава една верничка.

Во комплексот Калишки манастири има четири храмови, две пештерски цркви посветени на Богородица и Атанасиј Велики, и уште две цркви едната посветена на мајката Божја другата на свети Петар и Павле. Сместен во живописната природа на брегот на Охридското езеро манастирот со својата духовност и чудотворноста на иконите ги привлекува верниците од сите страни на светот.

Во манастирот има извор со лековита вода. Од под црквата посветена на Светите апостоли Петар и Павле извира света вода која со молитва лекува главоболка и болести на очи. Во Калишкиот манастир од 11 век до денес живеат монаси.

Верници од Австралија најавија реновирање на четвртата црква. Свети Атанасија, која е надвор од манастирот високо во карпите е руинирана, но се очекува наскоро да почне реконструкција.