Читањето е здрава навика,го продолжува животниот век

|

Читањето го поттикнува нашиот мозок мозок да се развива и работи побрзо, но исто така влијае и на менталните способности, расположението и емоциите.


Истражувањата откриваат дека луѓето кои читаат книги живеат подолго од луѓето кои не читаат. Луѓето кои читаат книги половина час на ден живеат во просек две години подолго од оние кои не се љубители на книгите.
До овој заклучок дошле експертите од Универзитетот Јеил, а во студијата учествувале над 3.600 мажи и жени постари од 50 години. Оние кои читаат книги повеќе од три часа неделно, имаат 23 проценти поголема веројатност да ги надживеат своите врсници, за кои весниците и списанијата се единствената „литература“.
Експертите тврдат дека книгата поттикнува „длабоко читање“ и дека, за разлика од прелистувањето по весникот, го принудува мозокот да размислува критички, во кој учествуваат сите негови делови.

Читањето книги ја зголемува емпатијата и емоционалната интелигенција, што може да доведе до подобра интеракција меѓу луѓето. Ова не значи дека весниците и списанијата треба да се избегнуваат затоа што читањето само по себе го стимулира размислувањето и го збогатува вокабуларот што го прави нашиот ум „поотпорен“.


Поконкретно, тоа му овозможува полесно да ги поднесe последиците од мозочен удар или некоја друга форма на влошување на мозокот, како што е Алцхајмеровата болест.