Д-р Даниловски: Омикрон ќе биде последниот сој кој ќе не вознемирува

|

Епиде*иологот Драган Даниловски, во интервју за НОВА ТВ, смирува истакнувајќи дека новата варијанта омикрон која деновиве крена многу внимание, ќе биде последната која ќе не вознемирува.

„Добра вест е што е согледано дека третата доза кај непрележаните, потоа, една доза кај прележаните, како и двојната прележаност, го оспособуваат имунитетот да умее да се справи со било која варијанта што би се појавила – значи и со актуелниов омикрон. Тоа може да биде основната причина заради којашто огромното ширење не би требало да се очекува – имајќи ја предвид моментната состојба со опфатот со имунизацијата и – уште поважно – високата стапка на прележаност, вели проф.д-р Драган Даниловски во интервјуто за НОВАТВ.

Тој смета дека веќе од догодина би требало да очекуваме тој да се однесува „спитомено“. Тука ќе биде, покрај нас, но само како еден од многуте сезонски, респираторни болести, како што е сезонскиот грип и обичните настинки.

„Зошто? Затоа што, кога и на прележаните и на им*низираните ќе им опадне имунитетот, сигурно повторно ќе се заразат неколку месеци подоцна, или ќе се им*низираат (ризичните групи). Потоа, можно е да се појави нова варијанта, која (дури) може да биде позаразна и да биде во состојба да предизвика помали е*идемии… Ама, базичниот имунитет кај сите ќе се зголемува. И дефинитивно, веќе нема да има шанси за панде*ија“, вели проф.д-р Даниловски во интервјуто.