Дали можете да препознаете млечен трн? Билка која може да ви го спаси животот

ИЗВОРНов Лист
|

Silybum marianum L. – Бел или Млечен трн ( странски имиња: srb. Sikavica, hrv. Badelj, Divlja Articoka eng. milk thistle, blessed milk thistle ger. Mariendistel, Milchdistel, Silberdistel)

Silybum marianum L. (белиот трн) е вид на трн кој припаѓа на група цветни растенија кои се карактеризираат со лисја со остри боцки на рабовите, најмногу од фамилијата Asteraceae. Боцките може да се појават и по целото растение – на стеблото и на рамните делови од листовите. Овие боцки се адаптација што го штити растението од јадење тревопасни животни.

Белиот трн е е двегодишно растение со пурпурни цевчести цветови кое може да порасне од 30 до 200 см и има целокупна конусна форма. Стеблото е жлебно и шупливо додека листовите се долгнавести до ланцетни, долги од 15 до 60 см и типично шилести со шилести рабови со боцки на врвот и по краевите и лисни плочи кои во одредени делови се со бела боја, како да се посипани со млеко од каде доаѓа и народното име на растението.

Плодовите или “семињата” се црни ахени со едноставен долг бел папус, опкружен со жолт базален прстен имаат изразен овален облик и се релативно крупни со должина од 5-8 мм и ширина од 2-4 мм. Тежината на 1000 зрна изнесува 20-30 гр. Долгиот папус го овозможува разнесувањето на семето со ветерот.

Во фитотерапијата се користи исушен зрел плод (Silybi mariae fructus) од растението бел или млечен трн Silybum marianum (L.) Gaerth., fam. Asteraceae. Растението е автохтоно за Европа, а се култивира во Северна Африка и во Јужна Америка.