Дали Нокиа 3310 ќе ги помине тестовите на издржливост?

ИЗВОРНов лист
|

Легендарниот мобилен телефон Нокиа 3310 важи за еден од најиздржливите телефони.

Сите сме ги слушнале приказните дека ова е телефонот на Чак Норис или дека чеканот на Thor е направен од неколку Нокиа 3310 телефони. Некои веруваат дека доколку ви падне на земја, ќе направите кратер и ќе предизвикате земјотрес.

Овој телефон беше претставен во 2000-та година, а поседува монохроматски екран кој може да прикаже до 5 линии, поддршка за СМС пораки, вкупно 4 игри (од кои една е легендарната “Snake“) и вибрации. Телефонот доби култен статус поради квалитетот на изработка, односно има издржано падови, газење со кола, пливање во море и слично…

Погледнете дали старата добра Нокиа ќе падне на тестот.