Дали постои ваква: Овој човек бара сопруга, а ова се 8-те услови кои мора да ги исполнува

|

Енди Скор (41) од Плимут, првиот милион го заработил кога имал само 26 години. Но, тој продолжил да го зголемува своето богатство па на 30-годишна возраст останал без ништо поради економската криза.

Тој вели дека му треба “посебна личност“ која може да го помине летото крстарејќи по Медитеранот, а зимата на Алпите.

„Сакам семејство, но тешко е да се најде некој кој ќе ги исполни моите критериуми. Мојот терапевт ми кажа дека доколку се потрудам во потрагата по сопруга како што се потрудив во мојата работа сигурно ќе ја најдам вистинската“ – изјавил Енди за медиумите.

Што бара Енди од партнерката? Вака изгледа неговиот список:

– Интелигентсна, едноставна девојка која не се сфаќа себеси премногу сериозно и има интересен живот и која успеала во нешто.

– Жена која не е родена со “златна лажица во устата“, која сама нешто постигнала.

– Жена која внимава како изгледа. Мора да вежба пет пати неделно и да е горда на својот изглед.

– Жена која не е зависна од социјалните мрежи, која умее да го исклучи интернетот и да ужива во реалниот живот.

– Жена која е достојна за мојата доверба.

– Камелеон кој ќе се снајде во сите ситуации и која може да присуствува и на гала настани, но и на забави за тинејџерки. Жена која може да биде сериозна, но и да биде како дете.

– Жена која ја сака природата и прошетките, водата и едрењето и која не глуми принцеза туку може да се прилагоди на секакви услови.

– Жена која сака да има семејство и деца, но исто така која треба да знае дека животот не завршува кога ќе роди деца и дека семејниот живот мора и треба да биде интересен и полн со авантури.