Дали сте еден од нив: Загатки и шеги кои ќе ги разберат само интелигентните луѓе!

ИЗВОРНов Лист
|

Шегата и смеата се лек за душа. Некои личности се родени „комедијанти“, односно се природно хумористични, други луѓе пак не сакаат да кажуваат шеги затоа што ги сметаат за навредливи кон оние групи луѓе на кои им се наменети. Сепак секој еден од нас од време на време да слушне и да се насмееме на добра шега или интересна загатка.

Денешната збирка загатки и шеги е наменета за оние коишто малку повеќе внимавале на часовите по физичка, логика и кои повеќе се интересират за наука.

1 . Што добивате кога ќе пресечете виц со реторично прашање? 2. Тројца логичари одат во кафуле. Шанкерот ги прашува: „Дали сите сакате пијалок?“ – 1: „Не знам“. 2. „Не знам.“ 3. „Да.“

3. Ајнштајн, Њутн и Паскал играле криенка. Му дошол редот на Ајнштајн да бара и да брои до 10. Паскал побегнал и се скрил. Њутн на подот нацртал квадрат со големина од 1 квадратен метар пред Ајнштајн и останал да стои таму. Ајнштајн завршил со броењето, го гледа Њутн и вика: „Аха, Њутн, те видов!“, а Њутн му одговорил: „Не, го најде Паскал!“

4. Римјанец оди во бар и бара мартинус. Шанкерот вика: „Мислите мартини?“, а овој му одговара: „Да сакав дупла доза, така и ќе ти кажев!“ 5. Уште еден Римјанец оди во бар, подигнува два прсти и вика: „5 пива ќе ве молам“.

6. Жената на логичарот се породила. Докторот му го дава детето на таткото. Неговата жена нестрпливо го прашува: „И, што е, девојче или момче?“ Логичарот вика: „Да“. 7. Ентропијата не е тоа што била претходно.

8. Хелиум оди во бар и нарачува пиво, а шанкерот вели: „Извинете, но овде не служиме племенити гасови.“ Тој не реагира на тоа. 9. Шродингеровата мачка влага во кафуле. И не влага.

10. Жената на програмерот му вели на мажот: „Оди до продавница и купи една векна леб. Ако имаат јајца, земи 10“. Програмерот се вратил дома со 10 векни леб.