Данијела Мартиновиќ се огласи откако се дозна како Грашо и Хана ќе ја крстат ќерката

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката Данијела Мартиновиќ се огласи на социјалните мрежи откако викендов се дозна како нејзиниот поранешен партнер Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ планираат да го именуваат своето дете.

Данијела објави фотографија од плажа.

„Момент во вечноста… Неопислив“, напиша таа.

Да потсетиме, во саботата се дозна дека Петар и Хана планираат на својата ќерка да и го дадат името Алба. Данијела уште во 2014 година откри дека разговарала со Грашо за децата и дека планирале имиња.

„Навистина најголемата желба во мојот живот во моментов. Овде навистина се надеваме дека ќе се радуваме многу брзо. Синот ќе биде Тони, се знае, по покојниот дедо на Петар, а за девојчето имаме две имиња, Алба или Луце. Тие се сосема дијаметрално спротивни, па луѓето би можеле да бидат изненадени.