Данска ги посвои последните четири слонови од циркус

ИЗВОРновлист
|

Данска се залага за правата на животните. Сè повеќе земји низ светот ја забрануваат употребата на дивите животни во циркуси. Данска вложува големи суми за благосостојба на животните.

Владата платила околу 11 милиони дански круни (околу 1,6 милиони американски долари) за последните четири циркуски слонови во земјата. Сега, тие слонови ќе можат да уживаат во своето пензионирање во потполен мир.

Имињата на овие нежни слончиња се Рамболин, Лара, Џунга и Џени. Отсега па натаму Организацијата за заштита на животни на Данска ќе преземе одговорност за грижата за овие четири слонови.